top of page

ИНАГУРИРАЊЕ НА „ЗЛАТНИ КУЛТУРНИ ТОЧКИ„ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ 

преку реализација на проектот

 

 

КРИК ЗА МЕДИУМСКА ПРАВИЧНОСТ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ И НЕГОВИТЕ ОПШТИНИ

 

 

Градот Скопје од ден на ден се развива во секој поглед. Актуелниот начин на организација на вкупото локално општество не одговара на новите потреби, предизвици и трендови со кои се соочува современиот граѓанин. Територијално и политички Градот е солидно организиран, меѓутоа ДУХОВНО, ИНФОРМАТИВНО, ПАРТИЦИПАТИВНО И ГРАЃАНСКИ сеуште нема заживеано конкретен независен и неполитички граѓански систем кој ќе одговара на духот на новото време во кое живееме. Неопходен е современ културен, општествен, медиумски и граѓански систем кој ќе овозможи сите придобивки на информатичката доба да стигнат до секој граѓанин на Градот Скопје и на неговите 10 општини.

Создавање на нов независен граѓански дискусионен систем во Градот Скопје и неговите 10 Општини преку развивање на 100 културни точки – места како што се – мали плоштади, паркови, културни простори и урбани култни места каде што граѓаните природно се собираат и воспоставување, нивно обележување и промоција како ЗЛАТНИ КУЛТУРНИ ТОЧКИ на Градот Скопје и воспоспоставување на пракса за одржување на јавни дебати, дискусии и културни настани на тие места. Промоцијата на точките ќе биде со првата дискусиона граѓанска сесија насловена како што е наслвоот на овој проект: КРИК ЗА МЕДИУМСКА ПРАВИЧНОСТ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ И НЕГОВИТЕ ОПШТИНИ. Во секоја општина ќе има по 10 вакви точки и иситите ќе бидат промовирани преку емисија која ќе биде презентирана на програмата на ТВ „СОНЦЕ„ и поставена на YouTube и на другите социјални медиуми. Вкупниот процес ќе биде промовиран преку кампања на електронските медиуми и социјалните мрежи и ќе биде спроведено научно истражување преку комбиниран квантитативен-квалитативен метод за постигнатите резултати од реализацијата на проектот.

Воспоставување на „нов независен граѓаски културен и дискусионен систем„ во Градот Скопје и неговите 10 општини.

А.1. Снимање и емитува. на 11 емисии „КРИК ЗА ПРАВИЧНОСТ„ во соработка со ТВ „СОНЦЕ„, во траење од по 30 минути, нивно емитување со премиера и две репрези во рамките на програмата на телевизијата и нивно поставување на YouTube на овицијалниот канал на Скопје-Метропола и шерување и популаризација на линкот преку профилите на социјалните мрежи на Скопје-Метропола и на ТВ Сонце.

 

А.2. Определување 100 културно-дискусиони точки во Градот Скопје, по 10 во секоја општина. Одбирање локации во соработка со Општините и Градот Скопје, обележување на златната точка со специјален знак кој ќе личи на сообраќаен знак, направен од подебело железо и на кој ќе пишува „ЗЛАТНА ТОЧКА НА СКОПЈЕ-МЕТРОПОЛА„ и логото на организацијата. Одржување на ПРВ НАСТАН  односно дебата „КРИК ЗА ПРАВИЧНОСТ„ создавање на структура помеѓу граѓаните, кои ќе бидат локални и месни претставници на организацијата и осмислување континуирана програма на ниво на целиот град. Разговорите ќе бидат спонтани, коректни, инклузивни а граѓаните ќе бидат поканети да доѓаат и секој да си донесе по едно „пластично столче„ од двор. Позитивна енергија, култура, уметност, дискусија, врвна култура и врвна медиумска писменост за секој граѓанин. По промоцијата и инагурањето на златните точки, на нивно место ќе се организира перманентна програма во идниот период, како продолжување на оваа појдовна иницијална активност започната со реализацијата на овој проект.

 

А.3. „Граѓаните и медиумите„ – Интернет кампања и истражување. Напоредно со реализацијата на двете горенаведени активности ќе се спроведува истражување – и помеѓу граѓаните учесници на настанот, преку пополнување на прашалник и ќе биде спроведено нивно електронско вмрежување и прибирање на фидбек преку електронските медиуми. На крајот на целиот проект ќе биде публикуван во електронска форма, завршен извештај во форма на студија за вкупната реализација на целиот проект и неговиот импакт.

bottom of page