top of page

​ГРАД тоа сме сите ние ЗАЕДНО

~ Ситните камчиња ги подредуваме во прекрасен мозаик на нашиот дух ~

Мисија: 

 

Развивање на градот Скопје во европска и светска метропола

 

Цели и задачи

  • Мобилизирање на сите расположливи човечки, материјални, духовни и институционални ресурси на територијата на Град Скопје и во Република Макеоднија за израснување на Градот Скопје во Европоска и Светска Метропола.

  • Формирање на „Скопје-Метропола-Фондација„ која ќе генерира финансиски средства за реализирањена проектите и програмите на Скопје-Метропола, како и за реализирање на програмите и проектите на самата фондација;

  • Формирање на „Културен Центар на Град Скопје„ со негови составни делови – Општински културни центри за општините Центар, Карпош, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Сарај, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Илинден, Чучер-Самндево, Сопиште и други,

  • Формирање на „Форум на Скопје„ отворен гратски дебатен форум во кој ќе партиципираат претставници од сите куќни совети и улични совети од Градот Скопје, сите негови општини и населени места околу Скопје;

  • Формирње на радио и телевизија Скопје-Метропола;

  • Издавање на весник Скопје-Метропола

  • Создавање на „Нова Културна Политика„ на Градот Скопје и нејзина реализација;

  • Создавање на „Стратегија за развој на Град Скопје за периодот 2010-2020 и нејзина имплементација;

  • Воспоставување на стратешко партнерство со Градот Скопје и сите негови сектори, со цел мобилизирање на дополнителни домашни и странски материјални и финансиски ресурси за поддршка на програмите и проектите за развој на Градот Скопје што ги реализира Скопје –Метропола и неговите организации;

  • Вршење на јавни овластувња за Градот Скопје за целите и задачите за кој е формирано Скопје-Метропола;

  • Формирање на нова структура од организации и тела во рамките на Скопје-Метропола кој во тесна соработка со Градот Скопје и Општините ќе ја сочинуваат новата инфраструктура на современо организирани и вмрежени културни институции во Градот Скопје кој ќе подразбираат квлатитено учество и партиципација на граѓаните и ќе испорачуваат квалитетен културен и уметнички производ до секој граѓанин, во секој дел на Градот Скопје;

  • Учество во програмите на Европската Унија и имплементирање на програми, проекти и фондови од ЕУ во Република Македонија;

  • Претставување и афирмирање на Градот Скопје во ЕУ и Светот;

  • Воспоставување на соработка со организации, институции и проекти со светските метрополи;

  • Работа на сите други видови на програми и проекти кој се од значење за остварување на мисијата на Скопје-Метропола;

bottom of page